Top Sport

Тотенхем не се откажува од можноста да го донесат Нагелсман

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви е сигурен дека поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман е најдоброто решение за неговиот клуб, и по повеќе преговори со Германецот остануваат на истото мислење, тврди „Скај спортс“.

Тотенхем имале преговори со Нагелсман последните неколку дена, и иако младиот тренер е заинтересиран за работата, главна пречка за негово поставување е отштетата која Баерн Минхен ја бара ако 35-годишниот тренер се согласи на трансфер, бидејќи уште е под договор со нив.

Според „Скај спортс“, Леви е сигурен дека Нагеслман е вистинското решение, но тренерот сака да има јасна ситуација околу тоа колку ќе може да влијае на трансферите на клубот ако пристигне во Лондон.

Scroll to Top