Top Sport

Прв пораз на Леверкузен по 14 меча, Шалке со драматична победа со пенал во 100. минута!

Шансите Баер Леверкузен да се избори за топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите се драстично помали откако тимот на Чаби Алонсо загуби дома од Келн со 1:2, додека Шалке двапати водеше, па им требаше пенал во 100. минута за голема победа кај кај Мајнц во борбата за опстанок во елитата.

Со фантастична серија од 14 меча без пораз, „фармацевтите“ беа фаворити против Келн, кои се на средината на табелата во Германија без многу мотиви за победа, но работите не почнаа најдобро, откако Дејви Зелке по само 14. минути игра ги донесе „јарците“ во водство. Баер одговорија преку Амин Адли во 28. минута, но Зелке со својот втор гол само осум минути подоцна пак донесе водство на гостите.

Во Мајнц, Шалке поведе преку Мариус Бутлер во 26. минута, домаќините израмнија во 53. минута, за гостите пак да дојдат во предност преку Том Краус во 60. минута. Сепак, победата избега во 70. минута, кога Арон Мартин израмни за Мајнц, пред во 100. минута од мечот, по долга ВАР-пауза да биде донесена одлука за пенал, кој Бутлер сигурно го реализираше
,
БУНДЕСЛИГА, 31.КОЛО
Баер Леверкузен – Келн 1:2
Мајнц – Шалке 2:3

Scroll to Top