Двоктартниот освојувач на Лигата на шампионите, Жозе Мурињо, смета дека Ајакс го платите цехот што во ниту во еден момент не се откажале од својата фудбалска филозофија.
Ајакс имаа предност од еден гол против Тотенхем по првиот меч и водство 2.0 по првото полувреме во реваншот. До крајот на реваншот Тотенхем постигаа три гола и се пласираа во финалето.
„Филозофијата е она што му овозможува на тимот да расте. Таа основа е потребна, неопходен е стил на игра што е прилагоден на квалитетите на фудбалерите и за тоа на Ајакс треба да им се одаде признание. Сепак, фудбалот е спортска битка, а во битките е потребна стратегија за да се добие мечот, особено во вакви посебни натпревари. Тогаш е потребно да се оди и против сопствената филозофија за да се победи“, објаснува Мурињо и додава.
„Основно е кога имаш предност е да имаш рамнотежа во текот на целиот меч. Тој баланс започнува доброто позиционирање на задната линија, морате секогаш да имате доволен број на фудбалери позади топката. Но Ајакс не отстапија од својата филозофија и во второто полувреме играа како противник да им е Витесе во холандската лига. Тотенхем менуваа работи, играа директен фудбал и имаа среќа, но самите ја предизвикаа таа среќа“.
Тотенхем во финалето на 1 јуни за титулата во Лигата на шампионите ќе играат против Ливерпул.