Проблемите околу „пуштањето“ на новиот дом на Тотенхем, „Вајт харт лејн“ продолжуваат, откако се откри дека премиерлигашот ќе продолжи да игра на „Вембли“ барем до крајот на јануари.
Претседателот на клубот, Даниел Леви се извини на навивачите откако призна дека до Нова Година нема да можат да играат на нивниот нов стадион, и како најран можен датум го одреди 13 јануари (против Манчестер јунајтед), иако и оваа опција не е сигурна.
Супер-модерниот и супер-скапиот стадион требаше да се отвори на 15 септември против Ливерпул, но оттогаш се појавија многу проблеми околу финиширањето на стадионот и на безбедноста на гледачите.
„Би сакал да можам да потврдам конечен датум за отварање, но некои работи се надвор од наша контрола и затоа ќе внимаваме кога ќе го објавиме тоа“, изјави Леви.