Top Sport

Тотенхем нема да им го продаде Кејн на ривалите

Раководството на Тотенхем нема да го продаде капитенот Хари Кејн на клуб од Премиер лигата.

Договорот на Кејн со лондонскиот клуб истекува следната година, Манчестер јунајтед е заинтересиран за него, но Тотенхем не сака да го продаде својот најдобар играч на ривалите од Премиер лигата, објави „Тајмс“.

Англискиот репрезентативец се уште не постигнал договор со раководството за нов договор, а британските медиуми шпекулираа дека тој сака да остане во Тотенхем.

Кејн во неделата стана најдобар стрелец во историјата на Тотенхем со 267 голови, откако го постигна победничкиот гол во дуелот со актуелниот шампион Манчестер сити (1:0).

Со 200 гола во Премиер лигата се наоѓа на третото место на вечната листа. Пред него се само Вејн Руни (208) и Алан Ширер (260). Кејн го постигна својот 200. гол во Премиер лигата на 304. натпревар, на Ширер му беа потребни 306, а на Руни 462 натпревари.

Кејн го постигна својот прв гол за лондонскиот клуб во декември 2011 година, а досега има одиграно 416 натпревари.

Scroll to Top