По саботното финале во Лигата на шампионите, во кое тој беше неочекуваниот херој, цената на Герет Бејл веднаш „скокна“, посебно по неговото признание дека сака да биде во тим во кој ќе игра почесто.
Велшанецот постојано е поврзуван со можен трансфер во Манчестер јунајтед, шпекулации кои почнаа уште на минатогодишниот Супер куп на УЕФА во Скопје (во кој играа Реал и Јунајтед), но според шпанскиот „Дон балон“, Реал ценат дека за 28-годишниот фудбалер ќе добијат 150 милиони евра.
Јунајтед дефинитивно не се подготвени да ја платат таа цена и би оделе максимално до 80 милиони евра, посочувајќи на сезоната која до неделното финале не беше најдобра за Бејл, кој честопати беше или на клупата или во аут со повреда.
Ако поврзаноста со Јунајтед е „несигурна“, едно нешто е дефинитивно сигурно – Бејл не се враќа во својот стар тим Тотенхем, кои добија 85 милиони фунти од Реал во 2013 година. Бејл има договор со Реал до 2022 година, и неделна плата од над 400.000 фунти, нешто што не е во ценовната моќ на Тотенхем.
Освен англиските клубови, само уште Пари Сен-Жермен ги има финансиите кои можат да ги обезбедат услугите на Бејл, а можеби и Јувентус и Баерн Минхен.
Бидејќи Велс не е на Светското првенство во Русија, така што ќе има време да разјасни дали е подготвен да брка место во тимот на Реал или ќе побара поинаков предизвик.
Фото: ЕПА