Top Sport

Мексиканците објавија крај на сезоната

Фудбалското првенство на Мексико „Liga MX“ е прекинато во машка и женска конкуренција поради коронавирусот. Организацијата соопшти дека нема да бидат прогласени шампионите во Клаусура за 2020 година.

Челниците на лигата по интензивните преговори со претставниците на клубовите и министерството за здравство решиле да не го продолжат шампионатот кој е прекинат на 15 март.

Ваквата одлука е донесена и по објавата дека осум играчи на Сантос лагуна биле позитивни на вирусот иако ниту еден од нив не покажувал симптоми дека е заразен со Ковид-19.

Токум Сантос Лагуна во моментот кога е прекинатот првенството бил водечкиот тим во лигата со 37 бодови, четири повеќе од Леон.

Во Мексико досега се регистрирани 60.000 заразени, а од вирусот починале 6.500 луѓе.

Scroll to Top