Хрватскиот репрезентативец Марцело Брозовиќ веројатно кариерата ќе ја продолжи во екипата на Тотенхем, објави весникот „Кориере дело спорт“.
Тотенхем, во преодниот рок нема донесено ниту едно ново име во тимот, а менаџеорт Маурицио Покетино смета дека Брозовиќ би бил идеално засилување.
Според истиот извор, двата тима веќе ги започнале преговорите околу трансферот и истиот бил блиску до реализиција. Нема информации колкава сума треба да плати Тотенхем за услугите на Хрватот.
Брозовиќ е член на Интер од 2015 година, за овој клуб има одиграно 112 натпревари и постигнал 17 гола.
Преодниот рок во Премиерлигата завршува на 9.август.