Тотенхем ќе се обидат да го вратат Маурисио Почетино на клупата откако претседателот Даниел Леви признал на своите соработници дека отказот кој му го врачил на Аргентинецот бил најголемата грешка во неговата кариера, тврди „Индепендент“.
Спарси го отпуштија Почетино откако тој ги донесе до финалето на Лигата на шампионите во 2019, и го заменија со Жозе Мурињо, кој минатиот месец доби отказ по катастрофалната форма на тимот.
На Почетино исто така не му оди најдобро со Пари Сен-Жермен, каде што ја загуби титулата од Лил минатиот викенд, а загубија и во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тотенхем сметаат дека враќањето на Аргентинецот би можело да го убеди и Хери Кејн да се предомисли и да остане во клубот.