Смешната потрага на нов менаџер на Тотенхем продолжува, и сега поранешниот прв човек на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто е прв кандидат, сметаат англиските медиуми, кои додаваат дека лондонскиот клуб сака да избегне уште едно срамно медиумско фијаско по неуспешните преговори со повеќе врвни тренери.
По отказот на Жозе Мурињо, Тотенхем преговараа со огромен број на тренери – Јулијан Нагелсман, Ханси Флик, Антонио Конте, Брендан Роџерс, Пауло Фонсека и Џенаро Гатузо меѓу последните, и сега според британските медиуми последен избор е Нуно Еспирито Санто.
Последните преговори со Фонсека ги водеше новиот спортски директор на клубот, Фабио Паратичи, кој пристигна од Јувентус, и се тврди дека Португалецот веќе почнал да го планира составот за следната сезона, кога решил да се повлече.
47-годишниот Нуно, пак, си замина од Вулфс на крајот на сезоната, по што преговараше со Кристал палас и Евертон, кои сепак, не успеале да му понудат доволно висока плата.