Top Sport

Тотенхем не го пуштаат Кејн во Сити

Хери Кејн најверојатно ќе остане во Тотенхем уште една сезона, откако британските медиуми тврдат дека Манчестер сити не планираат да влегуваат во наддавање за англискиот напаѓач со тврдоглавиот претседател на лондонскиот клуб, Даниел Леви.

Кејн имаше тежок старт на ЕУРО 2020 со Англија, без голови во првите два меча, а летото очигледно ќе стане уште полошо за напаѓачот. Сити се еден од ретките клубови кои можат да ја достигнат посакуваната сума од 150 милиони фунти од Леви, но според „Телеграф“, тие не планираат да преговараат со Тотенхем до крајот на преодниот рок, односно сакаат брз одговор, кој најверојатно нема да го добијат.

Кејн побара трансфер на крајот на сезоната, но информациите велат дека Леви не планира да го овозможи овој трансфер и најави дека ќе го направи „тоа што е најдобро за клубот“. Кејн има уште три години од договорот со Спарси, оставајќи го клубот во подобра преговарачка позиција.

Scroll to Top