Top Sport

Ван Бастен: Де Лихт не научил ништо во Јувентус!

Иако Холандија оствари две победи во првите два меча на ЕУРО 2020 и се квалификуваше во осминафиналето, легендарниот Марко ван Бастен воопшто не е задоволен, посебно од одбраната на тимот, предводена од Матијс де Лихт.

Ван Бастен, кој постигна гол во финалето и ја освои „Златната топка“ во 1988 година кога ги предводеше Холанѓаните до европската титула, беше посебно критичен кон Де Лихт, кој е во центарот на контроверзната 5-3-2 формација на Франк де Бур

„Де Лихт е централен дефанзивец, но со многу ограничен простор. Мора да го слушаат, да биде лидер на оваа одбрана. Тој само трча по својот човек и остава простор. Отиде во Италија за да научи како да игра во одбрана, но мислам дека ништо не научил“, вели Ван Бастен.

Scroll to Top