Top Sport

Тотенхем се „разбуди“, настрадаа Кристал палас

По неубедливиот рестарт на премиерлигашката сезона, Тотенхем на Антонио Конте, конечно, доби убедливо еден меч, декласирајќи ги Кристал палас со 0:4 во градското дерби за доближување на само два поени од топ 4 пласман.

По здодевното прво полувреме, Хери Кејн постигна два гола за пет минути во 48. и 53. минута од мечот за да го најави триумфот на Спарс, за Мет Доерти во 68. минута и Сон Хеунг-Мин во 72. минута дад стават точка на мечот.

Во другите мечеви, Нотингем форест се оддалечија од зоната за испаѓање по 1:0 победата кај „фенерџијата“ Саутемптон, Лидс и Вест хем одиграа интересно 2:2 реми, а Астон вила се врати за 1:1 реми со Вулфс.

ПРЕМИЕРЛИГА, 19.КОЛО
Саутемптон – Нотингем форест 0:1
Лидс – Вест хем 2:2
Астон вила – Вулверхемптон 1:1
Кристал палас – Тотенхем 0:4


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top