Top Sport

Тотенхем шест недели без Сон?

Тотенхем би можел да биде во големи проблеми на почетокот на следната година, бидејќи веројатно шест недели нема да може да смета на својот најдобар играч и капитен Хјунг-мин Сон.

Сон треба да ја предводи Јужна Кореја на Азиското првенство кое ќе се одржи од 12 јануари до 10 февруари.

Како што е сега стојат работите Сон ќе игра за Тотенхем против Борнмаут на Нова година, а потоа треба да отпатува во Абу Даби за да му се приклучи на националниот тим.

Во зависност од тоа колку далеку ќе стигне Јужна Кореја, Сон би можел да биде надвор од терените за натпреварите против Манчестер јунајтед, Брентфорд, Евертон и Брајтон.

Сон постигна 10 гола и имаше четири асистенции за Тотенхем оваа сезона.

Scroll to Top