Top Sport

Македонија ЃП и Шкупи гостуваат во Ерменија, Пандевци го чекаат Зрински

Македонските претставници во Лига Европа денес ќе ги одиграат првите натпреври во квалификациите за пласман во фазата по групи во ова натпреварување. Шкупи, Македонија ЃП и Академија Пандев ќе се обидат да остварат резултати што ќе им гарантираат мирни реванши.

Четврток во Лига Европа нуди двојна македонско-ерменска фудбалска пресметка. Шкупи и Македонија ЃП гостуваат во Ерменија.

Денешната програма во Лига Европа ќе ја отворат фудбалерите на Шкупи. Тие од 15.30 часот ќе гостуваат кај вице-првакот на оваа земја Пјуник.

90 минути подоцна својот натпревар ќе го започнат Алашкерт и Македонија ЃП. Алашкерт минатата сезона ја завршија на четвртото место во шампионатот.

Од македонските претставници последни на теренот ќе истрчаат играчите на Академија Пандев. Освојувачот на Купот на Македонија, во Скопје, ќе го пречека вице-првакот на Босна и Херцеговина, Зрински. Дуелот ќе започне во 19 часот.

Scroll to Top