Top Sport

Тотенхем со 3-од-3 за совршен старт и прво место во Премиер лигата!

Сон Хеуг-Мин го прослави својот 200. настап во Премиер лигата со победнички гол за Тотенхем да стигне до 1:0 победа над Вотфорд и да го продолжи совршениот старт на сезоната со три победи во три меча за прво место во Премиер лигата.

Иако имаа повеќе шанси и повеќе од поседот на топката, за победата им беше доволен само голот во 42. минута од слободен удар на Кореецот Сон, кој сигурно оди на „душа“ на австрискиот голман на Вотфорд, Даниел Бахман. Со победата, Тотенхем се единствениот клуб во Премиер лигата кој има 3 победи во првите 3 меча од сезоната, сите обезбеди со 1:0 (претходно ги победија и Манчестер сити дома и Вулверхемптон на гости).

На „Турф мур“ пак, Барнли и Лидс не успеаја во потрагата за прва победа оваа сезона.Новозеланѓанецот Крис Вуд беше прецизен во 61. минута за водство на домаќините, пред Патрик Бамфорд, кој неодамна го доби првиот повик во англиската репрезентација, извади поен за Лидс во 86. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top