Top Sport

Тотенхем со богат договор го убедува Кејн да остане

Тотенхем му нудат далеку повеќе од сегашната неделна плата од 220.000 фунти на Хери Кејн во обид да го задржат својот најдобар стрелец по шпекулациите дека Баерн Минхен и Манчестер јунајтед го предизвикуваат англискиот репрезентативец, тврди „Гардијан“.

Лондонскиот клуб тврди дека Кејн не е на продажба иако влегува во последната сезона од договорот, но 30-годишниот Кејн не бил подготвен да стави потпис на договор додека не заврши преодниот рок. Претседателот на клубот, Даниел Леви верува дека може да го убеди дека клубот има подобра иднина под новиот менаџер Анге Постекоглу.

Кејн беше поврзуван со Манчестер јунајтед од крајот на минатата сезона, но во моментов „ѓаволите“ не се подготвени да платат над 100 милиони фунти за ветеранот. Баерн, пак, станаа фаворити за неговиот потпис откако наводно дадоа понуда од 60 милиони фунти, која клубот ја одби.

Scroll to Top