Тотенхем веќе почнале со „мисијата“ да го донесат капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер како засилување во текот на летниот преоден рок, тврди „Дејли мејл“.
По потврдата на новиот тренер Анге Постекоглу, кој пристигнува по успехот со шкотскиот Селтик, претседателот на клубот, Даниел Леви се фокусира на задржување на Хери Кејн, и еден од потезите со кои би го убедиле најдобриот стрелец во историјата на клубот да остане е пристигнување на неговиот близок пријател од англиската репрезентација, Мегваер.
Мегваер, најскапиот дефанзивец на светот, оваа година беше маргинализиран од менаџерот Ерик Тен Хаг, губејќи го стартното место во тимот, и самиот холандски тренер му порача „добро да размисли“ за својата иднина.