Top Sport

Тотенхем со пресврт го победија Брајтон (Видео)

Традиционалниот Боксинг деј, празникот на фудбалот во Англија започна со победа на Тотенхем. Фудбалерите на Жозе Мурињо со прсврт во вториот дел од натпреварот го победија Брајтон со 2.1 (0:1).

Тотенхем одиграа лошо првот полувреме, во кое не створија ниту една шанса за гол. Брајтон од друга страна ја умртвија играта, два пати имаа добри ситуации да го совладаат Газанига но гол постигнаа од третиот обид кога Адам Вебстер ги натскока сите во 37 минута, а голманот на Тотенхем остана закопан на гол-линијата.

Во второто полувреме Тотенхем тргнаа агресивно, го контролираа ритамот на натпреварот и поседот на топката. Израмнивачкиот гол го постигна Хари Кејн во 53 минута.

Веднаш потоа Газанига го одбрани ударот на Пол Грос. До крајот на мечот брилијантана акција на Орие и Деле Али англискиот репрезентативец ја заврши со гол за победа.

Тотенхем по 19 рунди имаат 29 бода и се петти по некомлетното коло. Брајтон се на 13 место со 20 поени, но до крајот на колото можат да бидат пресконати од четири екипи.

https://streamable.com/2xo89

Scroll to Top