Top Sport

Тотенхем со важна победа, „чеканите“ ќе се борат за опстанок (видео)

Тотенхем стигна до многу важна победа од 2:0 над Вест хем за да продолжи со обидот да стигне до место во Лигата на шампионите, и во исто време да ги постави „чеканите“ во грчевите борба за опстанок.

Тимот на Жозе Мурињо постигна гол во 45. минута од мечот преку Сон Хеунг-Мин, но ВАР системот оцени дека има мал офсајд. Првиот гол падна во 64. минута, кога по еден корнер, Томаш Соучек си ја смести топката во сопствената мрежа. Во 82. минута, и Хери Кејн се запиша во листата на стрелците по една супер-брза контра на Тотенхем.

Со победата, Тотенхем скокна на седмото место на табелата со 45 поени, еден помалку од петтопласираниот Манчестер јунајтед и шестопласираниот Вулверхемптон и еден пред Шефилд јунајтед. Вест хем се 17. со 27 поени, колку што има и 18-пласираниот Бурнемаут.

Scroll to Top