Тотенхем веќе дале првична понуда до Јувентус за Американецот Вестон Меккени, но таа не ги импресионирала првите луѓе на „бјанконерите“, тврдат италијанските медиуми.
Двата клуба се во контакт подолго време, со посебен интерес за двајца играчи – Меккени и Дејан Кулушевски, а посебна врска е тоа што сега директор на Тотенхем е Фабио Паратичи, поранешниот прв човек на „старата дама“.
Според „Калчомеркато“, Масимилијано Алегри не е подготвен да го загуби Меккени во јануари, но со добра понуда ова ќе се смени. Јувентус бараат околу 30 милиони евра за 23-годишниот Американец. Тотенхем понудиле замена со Танги Ндомбеле, но неговата плата од 10 милиони евра е превисока за Јувентус, кои се обидуваат да ги намалат трошоците за плати.
За Кулушевски пак, Тотенхем го понудиле Џовани Ло Селсо, но Јувентус бара кеш – поточно околу 35 милиони евра.