Ајакс не ја искористи шансата да се искачи на првото место во холандската Ередивисие по ремито на ПСВ Ајндховен против Емен (2:2), откако беа стопирани во трилер-реми 4:4 против Херенвен на „Јохан Кројф арената“.
Ремито на ПСВ значеше дека со победа Ајакс ќе беше прв поради подобрата гол-разлика, но очигледно многу им недостасуваше голманот Андре Онана кој се повреди на загревањето и беше заменет од Костас Лампру.
Душан Тадиќ ги донесе во водство „копјаниците“ во 13. минута, но Херенвен веднаш израмни преку Сам Ламерс, а две минути подоцна Тадиќ го врати водството, а Матијс де Лигт зголеми на 3:1. Тадиќ пропушти шанса за хет-трик откако утна пенал во финишот на полувремето.
По ова, Херенвен ја искористи шансата и прво преку Ламерс во 51. минута намали на 2:1, а потоа исиот фудбалер му го намести голот на Мичел ван Берген за 3:3. Во 83. минута, ветеранот Клас-Јан Хунтелар мислеше дека донесе победа за Ајакс, но гостите израмнија преку Кик Пиерие во 91. минута и во следниот напад имаа шанса за победа.