Top Sport

Тотенхем во Италија ја најде замена за Лорис

Голманот на Емполи, Гуљелмо Викарио (26) е на прагот да стане нов член на Тотенхем.

Како што пренесуваат британските медиуми, двата клуба вербално се договориле за трансфер вреден 17,2 милиони фунти (20 милиони евра), со одредени бонуси. Викарио има 71 настап за Емполи откако дојде од Каљари во 2021 година.

Според новинарот Фабрицио Романо, Тотенхем ги финализирале деталите од петгодишниот договор со италијанскиот голман.

Клубот од северен Лондон се реши за Викарио, откако пропадна планот да го донесат Давид Раја од Брентфорд. Тотенхем одби да плати оштета од 40 милиони фунти за шпанскиот голман.

Актуелниот број еден меѓу стативите на Тотенхем, Иго Лорис (36), јавно изјави дека сака да го напушти клубот во потрага по нов предизвик, бидејќи во Тотенхем е од 2012 година.

Scroll to Top