Top Sport

Тотенхем во јануари тргнуваат по Кулушевски

Новиот фудбалски директор на Тотенхем, Фабио Паратичи ќе се обиде во јануари да го донесе својот поранешен фудбалер од Јувентус, Швеѓанецот Дејан Кулушевски, тврди „Дејли стар“.

Паратичи е голем поддржувач на 21-годишниот Швеѓанец со македонско потекло, откако тој беше клучен за неговиот трансфер од Аталанта во Јувентус. Кулушевски се мачи да ја врати формата и да освои стартно место во Јувентус оваа сезона, откако лани под Андреа Пирло одигра 47 меча, во кои постигна 7 гола.

Оваа година, под Макс Алегри, тој има само еден старт во Серија А, и според „Дејли стар“, Тотенхем пратиле скаути на мечот на Јуве против Малме, каде што Кулушевски доби само 7 минути игра.

Scroll to Top