Британските и италијанските медиуми тврдат дека поранешниот фудбалер на Арсенал, Арон Ремзи е блиску до трансфер во лутите севернолондонски ривали Тотенхем, откако Јувентус би сакале да го продадат Велшанецот по неубедливата сезона.
Ремзи, исто како и Французинот Адриен Рабио, пристигна во Торино како слободен агент, но се верува дека Јуве би сакал да ги продаде за да се ослободат пари за други трансфери ова лето.
На Тотенхем нема да му биде лесно да дојде до потписот на Ремзи, бидејќи според британскиот „Сан“ за него се заинтересирани и Арсенал, Челси, но и Манчестер јунајтед.