Top Sport

Беноа Пер пак се „глупираше“, Бартоли бара казна за него

Францускиот тенисер Беноа Пер продолжи со своето контроверзно однесување на терените и надвор од нив, откако го прославуваше поразот од Италијанецот Лоренцо Мусети во Мајами, по што неговата сонародничка, поранешната шампионка од Вимблдон, Марион Бартоли побара АТП да интервенира и да го казни.

За 31-годишниот Французин ова беше петти пораз едноподруго на АТП турнејата, откако претходно се жалеше на намалените наградни фондови кои тенисерите ги добиваат, а направи и голем инцидент на Буенос Аирес опен, кога збесна по пораз. Овојпат, против Мусети, Пер изгледаше незаинтересиран од почетокот, за на крајот да го прослави поразот од младиот Италијанец.

Неговата сонародничка Бартоли не го жали.

„Тој му штети на тенисот со начинот на кој се однесува. Кога имате млади тенисери и деца кои го гледаат тоа на телевизија како повисокорангиран тенисер, сметаат дека е во ред да се однесуваш така. Тоа е проблем и мора да биде скротен“, вели Бартоли.

Пер: Доаѓам на турнир, губам, ќе заработам некоја пара, па одам на друг!

Беноа Пер повторно збесна на теренот, па доживеа елиминација во Буенос Аирес

Scroll to Top