Top Sport

Халанд со 15. премиерлигашки гол за Сити, убедливи победи на Челси и Њукасл

Ерлинг Халанд, очигледно, има намера да продолжи да ги „тероризира“ премиерлигашките клубови, откако иако имаше релативно лош меч со доста промашувања и една статива, успеа да го постигне својот 15. премиерлигашки гол да помогне Манчестер сити да стигнат до 4:0 победа над Саутемптон и барем привремено да се искачат на првото место на табелата.

Одлична 2:0 победа имаа и Челси на Греем Потер против Вулверхемптон, Њукасл ги декласираа Брентфорд со 4:1, додека Борнмут, кои ќе добијат нови (американски) газди со 2:1 ја золемија мизеријата на Лестер.

Жоао Кансело го отвори резултатот на „Етихад“ во 20. минута, пред Кевин де Брујне, со својата рекордна 95. асистенција да го најде Фил Фоден за 2:0 во 32. минута од мечот. Халанд само успеа да ја погоди стативата во еден интересен обид во првото полувреме. Ријад Марез, кому ми недостасуваа голови во последно време, во 49. минута зголеми на 3:0, за Халанд да ја продолжи лудата серија со гол во 65. минута. За споредба, Халанд оваа година има дадено 15 гола во Премиерлигата, исто колку целиот тим на Челси!

Каи Хаверц во 45. минута и Кристијан Пулишиќ во 54. минута, како и Армандо Броја во 90. минута беа доволни за Челси да стигне до 3:0 победа над Вулверхемптон, додека Њукасл на Еди Хау стигна до 4:1 триумф над Брентфорд со головите на Бруно Гимараеш (2), Џејкоб Марфи и Мигуел Алмирон.

ПРЕМИЕРЛИГА, 10.КОЛО
Манчестер сити – Саутемптон 4:0
Челси – Вулверхемптон 3:0
Њукасл – Брентфорд 5:1
Борнмут – Лестер 2:1

Scroll to Top