Поранешниот капитен на Рома, Франческо Тоти, во еден дел од својата автобиографија пишува за сите несогласувања и караници со поранешниот тренер Лучано Спалети.
Тоти опишива еден инцидент што се случил во соблекувалната по натпревар одигран во 2016 година.. Тоти пишува дека четворица го држеле за да го спречат физички да се пресмета со Спалети.
„Откако и последниот фудбалер влезе во соблекувалната, Спалети ја удри вратата и почна да вика. Јас бев далеку од влезот. Се наведнав да ги одврзам своите завои, а кога погледнав горе, неговото лице беше на еден сантиметар од моето“, напишал Тоти.
„Ми рече: ‘Доста. Се правиш дека си водач, а играш карти и покрај мојата забрана. Ти треба да си одиш, веќе сум уморен од тебе’. Цело време викаше. Тоа беше нашиот последен судир. Не можев да се смирам и да се воздржам, четворица на раздвојуваа. Од тој момент односот помеѓу мене и него беше завршен“.
Тоти целта кариера од 1992 до 2017 година ја мина во Рома, додека Спалети во два мандати го предводеше клубот од 2005 до 2009 и од 2016 до 2017 година.