Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти кој ќе ја презема улогата на технички директор во клубот се труди за тренер на „волчицата“ да го постави својот поранешен соиграч, Даниеле де Роси, пишува „Кориере дела Спорт“.
Според информациите, Тоти нема амбиции да дојде на местото на Мончи, но без оглед на се има силно влијание на сите одлуки во клубот.
Тоти сака да направи рокада на местото тренер, па наместо искусниот Клаудио Раниери, тука да се најде Де Роси.
Голема е можноста Де Роси летово на 36 години да ја заврши кариерата во единствениот клуб во кој игра целиот живот.
Интересно е тоа што таткото на Даниеле, Аберто е тренер на младиот тим на Рома.