Top Sport

Тоти „крева“ раце од Рома: Наскоро ќе ја чуете мојата верзија

Италијанските медиуми тврдат дека Франческо Тоти ќе си замине од својата сакана Рома, откако ќе ја одбие понудата да стане технички директор на клубот. Според „Калчомеркато“, доколку тој ја прифатеше понудата ќе работеше заедно со новиот спортски директор Џанлуки Петраки со големо влијание на засилувањата на тимот.

Сепак, Тоти бил разубеден од тоа што претседателот Џејмс Палота ја продолжува соработката со Франко Балдини и извршниот директор Гвидо Фиенџа, бидејќи смета дека двајцата не можат да ја поведат Рома „во вистински правец“.

Тоти се повлече од професионалниот фудбал во текот на летото 2017 година и веднаш се приклучи на Рома како директор на клубот, кој минатата сезона имаше многу потреси по заминувањето на спортскиот директор Мончи и тренерот Еузебио ди Франческо.

42-годишниот Тоти одговори на шпекулациите со најава дека наскоро ќе се дознае неговата верзија на работите.

„Во овој момент се кажуваат и се пишуваат многу зборови кои треба да ги искажат моите мисли и избори. Наскоро, на вистинско место, ќе ја слушнете мојата верзија“, напиша Тоти на Твитер.

Scroll to Top