Top Sport

Тоти: Не сум идиот да го пуштам син ми во Лацио

Франческо Тоти, живата легенда на Рома, на „Инстраграм“ разговарал со уште еден легендарен фудбалер, Алесандро Дел Пјеро. Овие двајца се дел од златната генерација на Италија која под команда на Марчело Липи во 2006 година го освоија светското првенство.

Тоти пред неколку години рекол дека не би се противел доколку неговиот син би посакал да игра за Лацио. Во разговорот со Дел Пјеро тој појаснил што точно сакал да каже.

„Реков дека би одговорил на повикот доколку ме побара некој од Милан, Лацио или Јувентус“, рекол Тоти и продолжил.

„Секако дека не би се согласил. Кристијан го дели моето мислење би им кажал не. Не сум идиот да го однесам Кристијан во Лацио. Навистина мислите дека би го направил тоа?“.

Тоти за Рома одиграл 785 натпревари, постигнал 307 голови.

Scroll to Top