Top Sport

Отворена истрага, мечот Ливерпул-Атлетико влијаел на ширењето на коронавурсот

Натпреварот што го одиграа Ливерпул и Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите е под истрага која треба да утврди дали и како овој натпревар влијаел врз ширењето на коронавирусот.

Градските власти на Ливерпул ја одобрите истрагата бидејќи осмина-финалниот реванш помеѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид на „Енфилд“ го следеле 52 гледачи, од кои 3.000 допатувале од Мадрид.

Натпреварот на „Енфилд“ се одигра на 11 март, а зарши со победа на Атлетико 2:3.

Два дена по овој натпревар, на 13 март, поради коронавирусот Премиер лигата објави дека сезоната ќе биде привремено прекината.

Градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам, наложил да се покрене истрага која треба да утврди дали било безбедно натпреварот да се одигра.

Универзитетот во Ливерпул и универзитетот Џон Морс заедно ќе го истражуваат случајот за да утврдат дали натпреварот имал влијание врз ширењето на коронавирусот.

Ден пред натпреварот претставниците на клубовите и УЕФА на заеднички состанок донесоа одлука мечот да се одигра пред публика.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Атлетико е последен кој се одигра во Англија пред да бидат прекинати сите фудбалски првенства на Островот.

Scroll to Top