Франческо Тоти можеби се пензионираше на крајот на минатата сезона, но легендата на Рома и на италијанската репрезентација уште еднаш покажа дека воопшто не ги загубил своите квалитети.
Играјќи на Купот на легенди во Москва, турнирот во мал фудбал за пензионирани фудбалери, Тоти постигна прекрасен гол од слободен удар. Громовски!
И тоа во моментите кога Италија губеше со 7:0 од Русија. Тоти додаде уште три гола, но Италијанците загубија со 5:8. За Италија играа уште и Дел Векио, Касети, Ди Бјаџо, Ди Ливио и Фузер.
Il Capitano Francesco @Totti la tocca piano… #Capitano #ASRoma #Legendscup2018 pic.twitter.com/cPIyV2xWFm
— teladoiotokyo (@teladoiotokyo) February 3, 2018