Top Sport

Тоти признава: Јувентус немаат конкуренција во Серија А

Легендата на Рома, Франческо Тоти стравува дека Јувентус ќе „избега“ со титулата во Серија А и оваа година, оставајќи го неговиот тим, Наполи и Интер во борба за второто место.

Јувентус има седум титули во низа во Италија, а летово ја направија најголемата зделка во преодниот рок, носејќи го Кристијано Роналдо и Тоти вели дека нема да има изненадување ниту оваа сезона, нешто што му носи огромно незадоволство.

„Јувентус се во сопствен шампионат, бидејќи нема конкуренција. Но, и другите шампионати имаат такви ситуации. Помина многу долго време од последната титула на Рома, но и другите тимови не прават ништо, само Јувентус победува. Рома мора да брка од второ до четврто место за да оди во Лигата на шампионите“, вели Тоти.

Рома има само четири поени по првите три меча од сезоната (Торино, Аталанта, Милан), но Тоти вели дека не треба да се врши притисок на тренерот Еузебио ди Франческо.

„Не треба да бараме вина, туку ни треба поддршка. Ди Франческо знае што прави и тимот мора да ги следи неговите идеи“, изјави Тоти.

Scroll to Top