Top Sport

Невозможно преживување на невозможен тркачки судир (видео)

Колку мотоспортот може да биде опасен најубаво се гледа на снимката која стана „хит“ на Интернет, каде на една трка во Доминиканската Република, тркачкиот автомобил се „расцепи“ на половина, а тркачката Валентина Томасело излета од автомобилот и зачудувачки помина со само мали повреди.

Трката на патеката Саникс во Санто Доминго покажува два автомобили со загубена контрола кои излетуваат надвор од патеката, по што автомобилот удира во дрвото, уништувајќи се, и праќајќи ја Томасело на другиот автомобил па на земја.

Венецуелката веднаш била однесена во болница без свест, но неверојатно помина само со мали повреди.

Scroll to Top