Легендата на Рома, Франческо Тоти се потсети дека Барселона „изгледале многу среќно“ кога го добиле италијанскиот тим во ждрепката за четврт-финалето на ЛШ и им порача на Ливерпул да не го мислат истото.
„Волчицата“ комплетираше неверојатен кам-бек од 4:1 пораз во првиот меч за да ги „смачка“ Блауграна со 3:0 на „Олимпико“.
„Сите мислеа дека тоа е готова работа и дури сметаа дека вториот меч е непотребен. Кога се дозна ждрепката во Барселона беа прилично среќни што не добија, а нивните весници дури не нарекоа ’бонбон’. Но, се игра 180 минути и уште се тресам кога ќе помислам натој меч“, вели Тоти.
Сега доаѓа можноста да се „одмаздат“ на Ливерпул за финалето на ЛШ во 1984 година, кога англискиот клуб победи на пенали.
„Фудбалот е прекрасен бидејќи секогаш ти дозволува втора шанса. Овојпат ми е малку криво што се играат два меча, а што не е финале“, додава Тоти.
Фото: ЕПА