Top Sport

Лукаку: Втората лига не треба да е крај на светот за Вест Бром

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку вели дека испаѓањето во втората лига може да биде добро за неговиот поранешен клуб Вест Бромвич Албион.

Лукаку беше на заем на „Хоторнс“ во сезоната 2012/13, постигнувајќи 17 гола во 35 настапи и Белгиецот ќе се судри со својот поранешен клуб на „Олд Трафорд“ во недела, кога Јунајтед можат да ги турнат ВБА поблиску до Чемпионшипот. ВБА го почнува викендот со 10 поени од безбедната зона, но Лукаку вели дека испаѓањето не мора да биде „крај на светот“.

„За мене тоа малку боли, бидејќи дел од тие момци се мои пријатели и тешко е да ги видам во таква позиција. Но, понекогаш е подобро да направиш чекор наназад и потоа да се вратиш и да научиш нешто од тоа искуство. Се надевам дека бргу би се вратиле во Премиер лигата. Не знам кој беше проблемот оваа сезона, бидејќи ги гледам само скратените извештаи од мечевите, но мислам дека имаа доволно силен клуб за да опстанат“, вели Лукаку.

24-годишниот Лукаку по таа позајмица имаше успешен период во Евертон, пред да дојде во Манчестер јунајтед минатото лето за 75 милиони фунти. Оваа сезона тој има постигнато 26 гола, а последниот против Свонси му беше јубилеен 100. во Премиер лигата.

„Почнав од 19 години во Премиер лигата, така што нормално е да стигнам до 100 голови. Сега одиме на нова граница“, вели Лукаку.

Scroll to Top