Top Sport

Тоти: Рома треба да го продаде Дибала

Паоло Дибала, наводно е подготвен да ја напушти Рома во летниот преоден рок. Пред неколку месеци медиумите орктија дека Аргентинецот има клаузула во договорот, според која може да го напушти Рим за 12.000.000 евра, со напомена дека сумата не важи за клубовите од Серија А.

Дибала експресно стана миленик на навивачите на Рома. Она што им пречи е што мака мачи со повредите.

„Зборуваме за врвен играч, но мораме да ги земеме предвид клупските интереси и цели за во иднина. Да сум јас клупски функционер, во моите планови немаше да имам играч кој игра 15 натпревари годишно. Мора да размислите и за тоа“, изјави легендата на Рома, Франческо Тоти.

Оваа сезона Дибала постигна 14 гола на 28 натпревари во сите натпреварувања. Но, поради повреди пропушти и 13 натпревари.

Scroll to Top