Top Sport

Тоти: Со ваков тим, Рома нема да биде во топ 4

Легендата на Рома, Франческо Тоти вели дека неговиот поранешен клуб мора да донесе итни засилувања ако има амбиции да биде во топ 4 во Италија во новата сезона.

Поранешниот капитен си замина од Рома ова лето ,тврдејќи дека е маргинализиран од советникот на клубот Франко Балдини, а од клубот на „лоша нога“ си замина и дотогашниот капитен Даниеле де Роси, кој замина во Бока јуниорс.

„Ќе дојдам до Аргентина за да се сретнам со Де Роси и потоа ќе дознаете кој проект е мојот следниот. Имав три-четири предлози од Италиај и Европа, но потребно ми е време да одлучам. Сега ќе одам на нова патека во светот на фудбалот. Сепак, ќе бидам на ’Олимпико’ за римското дерби. Симоне Инзаги направи одличен тим и ќе биде тесно. Оваа сезона е сосема поинаква за мене, гледајќи фудбал на ТВ. Тоа е мојата одлука и стојам зад неа, но како навивач се надевам дека ќе купиме уште неколку засилувања во последните денови за барем да се бориме за место во Лигата на шампионите. Се надевам дека грешам, но кога сте 30 години во фудбалот имате добро око. Сакаме силна Рома и се надевам дека работат во таа насока. Јувентус уште се најсилни, но Интер и Наполи ќе бидат опасни. Затоа првите три места се обезбедени, и Рома може да се надева најмногу за четвртото место“, вели Тоти.

Scroll to Top