Top Sport

Коби: Нема конфликт, само љубов кон Шек!

Коби Брајант вели дека нема проблеми со Шекил О’Нил откако се појавија негови коментари во кои тој вели дека би можел да освои 12 НБА титули само ако „големиот човек“ ја имаше истата работна етика како него.

Брајант преку Твитер објави дека старите несогласувања се работа од минатото и дека има само „љубов“ кон неговиот поранешен колега од Лос Анџелес лејкерс.

„Нема проблеми со Шек, иако знам дека многу медиуми би сакале тоа да се случи. Нема ништо освен љубов таму и навистина сме престари за такви работи“, напиша Брајант.

Двајцата освоија три последователни титули заедно, но не секогаш беа во најдобри односи. На 29 јули се појави вест дека Брајант изјавил дека би имал „еб.ни 12 прстени“ и дека О’Нил би бил најголемиот на сите времиња да поминувал повеќе време на тренинзи.

„Тој ќе беше најголемиот на сите времиња, тоа беше сигурно. Тоа самиот ќе ви го каже. Тој беше сила каква што немавме видено. Човеку, тој едноставно не се грижеше. Беше опасен, беше конкурентен, полн со одмазда. Би сакал да поминуваше повеќе време во теретана. Ќе имав 12 еб.ни прстени“, изјавил тогаш Брајант.

О’Нил исто така се јави на Твитер, иако тоа може да предизвика коментар и за Двајт Хауард.

„Сѐ е во ред, брату, кога го видов интервјуто, мислев дека зборуваш за Двајт. Така се пишува неговото име, нели?“, напиша О’Нил.

Scroll to Top