Top Sport

Тоти утре го потврдува заминувањето од Рома?

Легендата на Рома, Франческо Тоти објави дека во понеделник во 13 часот ќе оддржи посебна прес-конференција, каде што се очекува дека ќе го објави своето заминување од „волчицата“.

Иако ова уште не е официјално, италијанските медиуми тврдат дека Тоти решил да си замине од позицијата директор во клубот поради големите несогласувања со првите луѓе на клубот. Тоти е директор во Рома по пензионирањето од фудбалот во 2017 година и има договор до јуни 2021 година.

Се верува дека Тоти е лут на претседателот Џејмс Палота по заминувањето на спортскиот директор Мончи во март и отказот кој го доби тренерот Еузебио ди Франческо. Палота призна дека му ја понудил улогата на технички директор во Рома, но додаде дека „ако на Франческо му треба време, ќе му го дадеме“.

Ако се потврди заминувањето, Тоти ќе замине од својот омилен клуб по 30 години, по 786 настапи како фудбалер.

Scroll to Top