Легендата на Рома, Франческо Тоти се надева дека американските газди на Рома ќе му ги исполнат барањата на Жозе Мурињо за трансфери, и во исто време го пофали „посебниот“ Пауло Дибала, кој во последно време ги воодушевува фановите на „Олимпико“.
„Дибала е феномен, играч кој е далеку над сите и секогаш ја покажувал својата вредност. Среќен сум што дојде во Рома бидејќи градот заслужува играч од таков калибар. Можете веднаш да забележите кога некој е посебен играч, и сите уживаме во тоа. Главната цел на Рома останува Лигата на шампионите, но тоа не е едноставна цел. Сезоната е долга и многу работи може да се случат“, вели Тоти.
Тој исто така зборуваше за Мурињо и недостатокот на засилувања во тимот. Мурињо неодамна се пожали што за разлика од богатите англиски клубови, тој не може да смета на голем буџет за засилување на тимот.
„Секој тренер сака да има конкурентен тим и се надевам дека Рома ќе му ги исполнат барањата“, вели Тоти.