Top Sport

Саудиски бизнисмен плати 2.45 милиони евра за „ВИП“ билет за дуелот Меси-Роналдо

Саудискиот магнат со недвижнини, Мушреф Ал-Гамди плати 10 милиони ријали (околу 2.45 милиони евра) за да го добие „специјалниот“ билет за утрешниот пријателски меч помеѓу Пари Сен-Жермен и Ол-стар тимот на Саудиска Арабија (со Кристијано Роналдо) во тимот.

Како дел од промоцијата на мечот за кој постои огромен интерес во кралството, Тури Ал-Шеик, советникот на кралскиот двор и шеф на владиното тело задолжено за забавната индустрија, организираше аукција за специјален билет со кој покрај присуство на мечот, победникот ќе добие шанса за посета на соблекувалните на двата тима и секако фотографии со учесниците. Парите од аукцијата ќе се онираат во националната добротворна кампања на Саудиска Арабија под име Ехсан.

Покрај ова, ПСЖ ќе заработат 10 милиони евра а пријателскиот меч. Ова ќе биде првпат Лионел Меси и Кристијано Роналдо да играат еден против друг од декември 2020, кога Роналдо со Јувентус стигна до 3:0 победа над Барселона во меч од Лигата на шампиони.

Мечот се игра на стадионот „Крал Фахд“ во Ријад утре со почеток во 18 часот.

Scroll to Top