Најдобриот играч на Брентфор, Ајван Тоуни се соочува со шестмесечна суспензија од фудбалот по денешното појавување пред дисциплинската комисија поради 262 прекршоци со обложување од 2017 година, тврди „Мирор“.
Тоуни првобитно беше обвинет за 232 прекршувања на правилата за обложување во Премиерлигата во ноември 2022, пред да му бидат додадени уште 30 обвинувања, но тој продолжи да игра за Брентфорд. Доколку добие шестмесечна суспензија, таа ќе трае и за време на летната пауза во англискиот фудбал, така што ќе може да се врати релативно бргу на фудбалот.
27-годишниот Тоуни има фантастична сезона со 20 гола во 33 меча во Премиерлигата оваа сезона, по што беше повикан и од англискиот селектор, Герет Саутгејт.