Top Sport

Трабзон го отпушти Ненад Бјелица

Ненад Бјелица повеќе не е тренер на Трабзонспор. Според пишувањата на турските медиуми, хрватскиот тренер ја загубил довербата на клупските челници. Тие побарале средба со неговите адвокати за да се договорат условите за раскин на договорот.

Бјелица, сигурно ќе добие отштета со оглед на неговата годишна плата од 1.600.000 евра. Според известувањето на локалниот портал „Сабах“, челниците на клубот одржале состанок по поразот на Трабзонспор од Адана (0:1) во петокот. Заклучиле дека најдобро решение за клубот е да смена на тренерот.

Претседателот Ертугрул Доган доби целосно овластување за избор на наследник на Бјелица, а разрешувањето на хрватскиот тренер дојде со едногласна одлука на Управниот одбор.

Фаворит за клупата е Абдула Авчи, кој го водеше Трабзонспор од крајот на 2020 година до средината на 2023 година, а претходно се споменуваше во контекст на преземањето на турската фудбалска репрезентација.

Бјелица го предводеше турскиот тим на 16 првенствени натпревари и оствари просечен учинок од осум победи и исто толку порази. По осум одиграни натпревари во новата сезона, Трабзонспор е на петтото место со 12 бодови, девет помалку од лидерот Фенербахче кој има и натпревар помалку.

Scroll to Top