Top Sport

Трабзонспор го крена Турскиот куп

Трабзонспор по деветти пат стана освојувач на Купот на Турција, освојувајќи го првиот трофеј од 2010 година, откако на „Ататурк“ во Истанбул со 2:0 го совладаа тимот на Аланија.

Ова е мала утеха за тимот од брегот на Црното Море, откако тие подолго време беа на првото место на табелата пред паузата поради корона вирусот, за да ја загубат титулата во битка со Башакшехир. Сепак, ниту второто место во Суперлигата, ниту трофејот од Купот нема да им донесат европски фудбал бидејќи УЕФА им одреди едногодишна суспензија поради прекршување на финансискиот ферплеј.

Човек на одлука во финалето беше Абдулкадир Омур, кој во 25. минута од мечот доби одлично нафрлање од Александер Сорлот за да донесе водство за Трабзон, пред самиот Сорлот во 10-тата минута од продолжението да стави точка на мечот.

Трофејот исто така претставува мала одмазда за Трабзон против Аланија, откако нивниот меч од Суперлигата, кој заврши со 2:2 беше одбележан со скандалозен инцидент и провокации од управата на тимот на Аланија.

Претседателот на Трабзон влета во терен, па отиде на алко-тест! (видео)

Scroll to Top