Top Sport

Претседателот на Трабзон влета во терен, па отиде на алко-тест! (видео)

Претседателот на Трабзонспор, Ахмет Агаоглу предизвика инцидент откако неговиот тим одигра само 2:2 со Аланијаспор и го загуби првото место на табелата во Суперлигата од Башакшехир.

По крајот на мечот, во кој Трабзон имаше 2:1 водство, почна расправија меѓу менаџерите и првите луѓе на клубот, а Агаоглу тврди дека бил налутен од пцостите кон неговата покојна мајка и испровоциран од тврдењата дека бил алкохоличар од страна на претседателот на Аланијаспор, Хасан Чавушголу. Затоа по инцидентот тој веднаш побара алко-тест од страна на полицијата и вети дека ќе ги објави резултатите.

„Не знам дали беше тој или неговиот брат, но дојдоа и не пцуења. Зошто беше тоа потребно? Сите кои беа присутни знаеја што се случува“, вели Агаоглу.

Трабзонспор веќе доби суспензија од страна на УЕФА за следната сезона, така што и со титулата нема да им биде дозволен настап во Лигата на шампионите, но Агаоглу е сигурен дека можат до трофејот.

„Никој нека не се сомнева – овој тим ќе биде шампион“, вели Агаоглу.

Scroll to Top