Луис Суарез по повредата со два гола во мрежата на Валенсија се врати во составот на Барселона, требаше да биде ударна игра во нападот на тимот синоќа на „Вестфален“ во Дортмунд, но одигра натпревар под своите стандарди.
Ако ги прашате Каталонците зошто не успеал да постигне гол ќе ви одговорат дека во прашање е клетва.
Луис Суарез веројатно и самиот заборавил кога последен пат постигнал гол во Лигата на шампионите кога Барселона играче во гости. Од 2015 година Уругваецот нема постигнато гол на гостински терен.
Интересно Барселона пред четири години последен пат ја освои титулата во Лигата на шампионите.