Top Sport

Колмен уште еднаш покажа дека е новиот спринтерски крал (видео)

Големата сцена е празна. Јусеин Болт е веќе во пензија, Џастин Гетлин се подготвува за истата, и Кристијан Колмен е подготвен да биде новата спринтерска ѕвезда.

21-годишното момче од Атланта, Џорџија лани освои сребро зад Гетлин, но пред Болт на Светското првенство во Лондон, а во саботата во Бирмингем повторно го сруши својот светски рекорд на 60 метри со трка од 6.37 секунди.

Трката на Колмен беше уште подобра, откако  ги победи сонародникот Рони Бејкер и Кинезот Су Бингтиан. Сепак, тој сакаше да биде скромен и вели дека не е новиот Јусеин Болт, ниту сака да биде тоа.

„Секогаш ќе има такви споредби бидејќи тој беше вистинска икона на нашиот спорт. Направи толку многу и го придвижи спринтот напред со своите светски рекорди. Не сакам да бидам следниот Јусеин Болт, сакам да сум Кристијан Колмен. За неколку години можеби некој ќе вели: ’Кој ќе биде следниот Кристијан Колмен?’“, вели Колмен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top