Top Sport

Трагедија во Шпанија – Пронајдено телото на 18. годишниот фудбалер на Кордоба

Млад фудбалер од шпанска Кордоба е пронајден мртов. Станува збор за Алвар Прието, 18. годишник кој на 12 октомври беше пријавен за исчезнат и оттогаш до денес се трагаше по него.

„Марка“, пишува дека безживотното тело на Прието било пронајдено меѓу два вагони на воз во движење.

Прието последен пат беше виден на железничката станица Санта Хуста на 12 октомври кога беше „забележан“ на безбедносните камери.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Прието вечерта бил излезен во Севилја со пријател, по што требало со воз да се врати дома во Кордоба.

Изгледа дека имал проблеми да влезе во воз поради испразнета батерија на мобилниот телефон, поради што не можел да им докаже на кондуктерите дека купил билет.

Се уште не е позната точната причина за трагичната смрт на овој млад човек.

Scroll to Top